Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

163 возачи во Скопје казнети за сообраќајни прекршоци

На територијата на Град Скопје изречени се вкупно 163 казни, меѓу кои за возење над дозволената брзина 73 санкции, осум за возење без возачка дозвола, две казни биле изречени за технички неисправни и нерегистрирани возила, информира МВР.

Изречени биле и четири санкции за користење мобилен телефон, две за мининување на црвено светло и 47 казни за непрописно паркирани возила.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови, велат од Министерството за внатрешни работи и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за поголема безбедност во сообраќајот.

Можеби ќе ве интересира

ВМРО ДПМНЕ: Филипче бидејќи не знаеш мора да ти кажеме јасно, има соработка и официјални договори со Унгарија, а не како што е во твојата глава дека имало тајни бизнис врски

ДЕСК

ДРАМА ВО БАЛИНДОЛ: Дете со тешки повреди по удар од автомобил кој побегнал

ДЕСК

ТЕШКА НЕСРЕЌА КАЈ ТЕТОВО: Четирицикл излета од пат – двајца млади тешко повредени

ДЕСК