Centar.mk
БИЗНИС

Просечната плата за февруари во Хрватска изнесува 930 евра

Просечната нето-плата по вработен исплатена во Хрватска во февруари изнесува 930 евра (7.038 куни), што е реално 3,4 проценти повеќе на годишно ниво, покажуваат податоците на Централното биро за статистика (ЦБС) објавени во вторникот.

Во споредба со јануари годинава, просечната исплатена нето-плата е реално поголема за 0,5 проценти.

Најголемата просечна месечна нето-заработка по лице во февруари е исплатена во производството на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати, и тоа во износ од 2.500 евра (18.989 куни), додека најниска заработка, во износ од 565 евра (4.277 куни) е исплатена во сегментот за заштита и истрага.

Можеби ќе ве интересира

УЈП СО ВАЖНА ИНФОРМАЦИЈА ДО ГРАЃАНИТЕ: Истече рокот за даноците за 2025 – платете веднаш и избегнете повисок долг и блокади

ДЕСК

КАКО ГРАЃАНИТЕ ПРЕЖИВУВААТ? Синдикалната кошничка за еден квартал повисока за 3.305 денари!

ДЕСК

ПАДНА ОДЛУКА ВО РКЕ: Поевтинуваат горивата – еве ги новите цени

ДЕСК