Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Обвинение за скопјанец кој подметнал пожар во автомобил и предизвикал експлозија

Скопското Основно јавно обвинителство поднесе обвинение против едно лице за тешки дела против општата сигурност и недозволено изработување, држење, посредување и тргување со оружје.

Обвинетиот на 4 јануари, пред куќа на улицата „Јабланица“ во Скопје, опожарил паркиран автомобил „ауди“.

Притоа употребил бензин и предизвикал експлозија.

Со пожарот кој се разгорел обвинетиот предизвикал значителна опасност по имот од поголеми размери, бидејќи огнот се проширил и кон други автомобили паркирани во близина, зафаќајќи директно уште едно возило „форд мондео“.

Со дејствијата обвинетиот предизвикал материјална штета од 348.088 денари на сопственикот на целосно опожареното „ауди“, како и 8.759 денари за сопственикот на делумно опожарениот автомобил „форд мондео“.

При претрес во домот на обвинетиот, на 5 февруари во село Варава, бил пронајден полуавтоматски пиштол марка „црвена застава М57“ со калибар 7,62Х25 милиметри, два куршума во рамка, како и уште 54 други куршуми од истиот калибар.

Надлежниот јавен обвинител предложил на обвинетиот да му биде продолжена претходно определената мерка куќен притвор, додека на сила и натаму се и дополнителни мерки за претпазливост – одземање на пасошот и забрана за прибилижување или комуникација со оштетените.​

Можеби ќе ве интересира

Предавничката Резолуција е спротивна на Уставот, ќе ја одбраниме демократијата! – порачаа од СДСМ

ДЕСК

Визија на националната стратегија за образование – обезбедување квалитетно и инклузивно образование, достапно за сите

ДЕСК

Украден автомобил среде Битола

ДЕСК