23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Заев: Без калкулации со личниот рејтинг ги решаваме споровите и одиме напред, му служиме верно на народот

„Со храброст и визија ја презедовме одговорноста да ја водиме новата Влада и веднаш покажавме огромна разлика. Ги вративме слободата и демократијата, ги отворивме институциите, се посветивме на мерки и политики кои донесоа економски раст, повисоки плати и пензии и повисок животен стандард. Во остварувањето на овие цели не водеше фактот дека СДСМ произлезе од народот и му остана верна на народот.“- порача претседателот на СДСМ, Зоран Заев, од прославата на партискиот роденден по повод 30 години постоење на партијата.

Според него на меѓународен план нашата држава е на вистинскиот пат кон Европската Унија, откако претходно бевме целосно изолирани.
„Без да калкулираме со личните и партиски рејтинзи, го решивме долгогодишниот спор со Република Грција, го заштитивме идентитетот и ги отворивме вратите на ЕУ и НАТО пред кои предолго чекавме. Пред нешто повеќе од една година, во март 2020, ја остваривме тридецениската стратешка цел – Република Северна Македонија стана 30-та земја членка на НАТО, на најсилниот и најголем воено безбедносен сојуз во светот. Нашиот одговорен, државнички однос е препознаен од граѓаните и затоа постојано ни ја даваат довербата.“- дополни Заев во својата роденденска порака.