Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

(Видео) ВМРО-ДПМНЕ поднесе пријави против Џафери и пратениците кои заразени дојдоа во Собранието

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата поднесе кривични пријави за прекршување на Кривичниот законик од страна на претседателот на Собранието, Талат Џафери, и двајцата пратеници Бисера Костадиновска од СДСМ и Мирослав Богдановски од ДОМ, на кои иако им беше одредена домашна самоизолација, учествуваа во работата на парламентот и во скафандери гласаа по точките од 32. и 36. седница.

„Македонија мора да биде држава во којашто законите и Уставот важат подеднакво за сите. Поради основано сомневање за прекршување на Кривичниот законик, а особено во членовите 205 и 206, кои што се однесуваат за непостапување по здравствени прописи во време на пандемија, пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, денес во Основното јавно обвинителство ќе поднесе кривична пријава“, рече во изјавата за медиумите пред ОЈО, пратеничката Ели Панова.

Таа објасни дека пријавата против претседателот на Собранието, е зашто тој овозможил на седницата да присуствуваат двајца пратеници позитивни на Ковид-19.

„Тоа значи дека имаме основано сомневање дека се прекршени членовите од Кривичниот законик, исто така Законот за заштита на населението од заразни болести“, објасни претставничката на ВМРО-ДПМНЕ, додавајќи дека кривична пријава ќе биде дадена на процесуирање во Јавното обвинителство, кое треба да постапи по неа.

Можеби ќе ве интересира

Поднесено обвинение за Примање награда за противзаконито влијание

ДЕСК

Претреси и апсење во Куманово

ДЕСК

Филипче: Отворени врати за конструктивните, затворени за злонамерниците

ДЕСК