Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Коронавирусот зема уште еден живот: Почина професорот Александар Стојчев

По кратко боледување и компликации како последица на ковид-19, вчера на 46-годишна возраст во Скопје почина универзитетскиот професор и воен историчар д-р Александар Стојчев.

Професорот Стојчев од 2006 година бил раководител на Службата за воена историја – Воен музеј во Министерството за одбрана а претходно во периодот од 2002 година до 2006-тата година бил асистент по Воена историја на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ во Скопје.

Во својата професионална кариера тој бил и доцент и вонреден професор на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје за област Воена историја и наставник по предметот „Балканските војни и Првата светска војна“ на Универзитетот Гоце Делчев во Штип.

Тој е автор на повеќе книги од областа на воената историја а меѓу најпознатите и најкористените се „Букурешкиот мировен договор и поделбата на Македонија во 1913 година“, „Студија за формирање на Музеј на Првата светска војна“, „Нобеловците и АРМ за мирот“, „Дојран 1915-1918 (Воени операции)“ како и „Историја на воените мапи на Република Македонија“.

На пошироката јавност, професорот Стојчев и беше познат по документарните телевизиски емисии за историјата на Република Македонија.

Можеби ќе ве интересира

(фото) Санкциониран штипјанец кој управувал возило со брзина констатирана од полициски пресретнувач од 105 км на час во населено место

ДЕСК

Малолетник со пиштол се заканувал кон врсник поради девојка – полицијата го одзеде пиштолот во кој имало еден куршум

ДЕСК

Лишени од слобода девет возачи за безобѕирно управување возило, шест од нив возеле без дозвола, меѓу кои и еден малолетник

ДЕСК