Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Николовски: Слободата што ја имаме не дозволува да се кријат предмети, секој што е одговорен ќе се соочи со правдата

„Помина времето кога инситуциите не можеа ни имиња да спомнат на функционер, а не да влезат во други институции и да истражуваат. Непоколеблива е борбата против корупцијата и криминалот, и тоа е очигледно, почитувајќи ја презумпцијата на невиност. Ова со Рашковски потврдува дека нема недопирливи, институциите се последни, тие ќе кажат, ние во ниту еден момент не можеме да се мешаме во нивата работа. Затоа бараме и овој и кој било друг случај да се расчисти. Сите документи се доставени до истражните органи, и во фер и коректна постапка да се открие што се случило дали има вина или нема. Но, гледаме дека постојано се отвораат постапки, слободата која ја имаме не дозволува да се сокриваат предмети, нема селективност во тој дел. Институциите да бидат охрабрени, кои претходно беа покриени од режимот, кога еден човек беше и полицаец и обвинител и судија и тогаш видовме каква борба имаше против корупцијата, тогаш ВМРО ДПМНЕ не покренуваше постапки за своите, но сега, кога ги отворивме институциите, секој случај може да се реши до крај.“- изјави вицепремиерот за борба против корупција, Љупчо Николовски, во вестите на Сител.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Граѓаните сакаат подобар живот, плати и светла иднина, а не црни кампањи

C +

Филипче жестоко против црната кампања на власта: Јавен линч и лаги, сега ќе ги гонам!

C +

Предлог-законот за пушењето не е удар по угостителството, туку заштита на здравото работно место, велат од Министерството за здравство

C +