Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Николовски: Нема да прифатиме уцени од опозицијата кога треба да испорачаме пари за граѓаните

„И порано, како и сега, многу време се потроши на договорање, но договорите не се почитуваат од страна на опозицијата, тие доаѓаат да се потпишат и да земат патни трошоци. Сакам да им честитам на сите пратеници, особено оние кои дојдоа согласно сите протоколи, без спроведени во посебни ходници, во посебни кабини, се потврди владејачкото мнозинство на седницата, се потрвди дека ние нема да прифатиме уцени кога треба да испорачаме пари за граѓаните, во оваа тешка економска и здравствена криза, парите ги чекаат лозари, тутунари, спортски клубови, занаетчиите, ивент индустријата, сите погодени, и тие не може да се заложници на опозицијата и на еден човек. Имаме целосно екипирана коалиција која цврсто стои зад граѓаните, мерките и политиките мораме да ги носиме брзо, и овој неодговорен пристап, суетен пристап, граѓаните не го прифаќаат. Можеме поодоговорно да се однесуваме сите и затоа повторно ќе бидат поразени политиките на ВМРО ДПМНЕ. Сакам да најавам дека во вторник на владина седница владата ќе проделожи нов пакет мерки за оние кои се погодени од кризата и понатаму да имаат помош.“- изјави вицепремиерот за борба против корупција, Љупчо Николовски, во вестите на Сител.

Можеби ќе ве интересира

ЦИКЛОН НОСИ ОБИЛНИ ВРНЕЖИ НА ДОЖД, ВО ДЕЛОВИ ОД МАКЕДОНИЈА ЌЕ ТРУПА СНЕГ: Синоптичарите објавија изненадувачка четириденевна прогноза

ДЕСК

Мицкоски: АД ЕСМ ги задоволува потребите на граѓаните и конзумот и продаваат струја навечер со што имаме дополнителни приходи од страна на потрошувачите

ДЕСК

Димитриеска-Кочоска: И покрај предизвиците и притисокот во Буџетот, Владата внимателно и навремено презема мерки и одлучува во интерес на граѓаните и бизнисот

ДЕСК