12. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Владата: Не е вистина дека им се делат откази на синдикални лидери

Владата соопшти дека го почитува основното право на синдикалното организирање и правото на протест, вклучително и вчерашниот протест на Конфедерацијата на слободните синдикати. Но, од таму велат дека јавноста треба да знае дека ништо од она што било изнесено за време на протестот, а и во медиумските настапи на дел од синдикалното лидерство, ниту најмалку не одговара на реалноста и на мерките и политиките што актуелната Влада ги донесе и ги спроведува во интерес на работниците.

„Во сите мерки на Владата за ублажување и за елиминирање на социјално-економските последици од пандемијата на прво место без исклучок беа работниците и зачувувањето на работните места. Не е вистина дека откази се делат на синдикални лидери. Тоа го правеше Владата предводена од 11-годишниот режим, а денес, доколку некој прекрши законски одредби што ги штитат работниците, ќе одговара пред судот на правдата. Во таа насока ако пораката на Конфедерацијата на слободните синдикати порачува дека се претерало, тогаш – да, оваа Влада ќе продолжи да претерува со почитувањето и обезбедувањето на работничките права и со социјално-економска поддршка на работниците“ соопшти Владата.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Упорно бараме декласификација на материјалите

C +

Филипче: После 10 дена пожар во Вардариште и неколку дена во Дрисла граѓаните практично се гушат

C +

Филипче: Жалам што вчера премиерот кажа дека нема намера да се интервенира во цените на производите

C +