20.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Почина уште едно лице во сообраќајката кај Бигорски – се бара притвор за камионџијата кој се судрил со хјундаито

Гостиварското основно јавно обвинителство поведе постапка против српски државјанин, поради сомнение дека сторил кривично дело – тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот.

Осомничениот, на 13 април управувал со камион – влекач МАН со полуприколка и српска регистрација на регионалниот пат Маврови Анови – Дебар.

Во близина на Ростушки мост не ја прилагодил брзината на условите на патот, па на влажиот коловоз изгубил контрола врз камионот и се извртел.

Притоа, полуприколката преминала на спротивната сообраќајна лента и удрила во автомобил „хјундаи акцент“ со скопска регистрација кој се движел во спротивен правец.

Во несреќата, на место почина возачот на автомобилот, додека еден од сопатниците им подлегна на повредите во болница.

Останатите двајца сопатници во автомобилот исто така имаат тешки телесни повреди.

Со цел да се спречи осомничениот да ја напушти државата, јавниот обвинител до Основниот суд во Гостивар доставил предлог за определување притвор.​​

Спонзорирано: