На 19.11.2026 во 15:15 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци лишија од слобода 37-годишник од Скопје. На експресниот пат Градско – Прилеп било сопрено патничко возило „порше“ со бугарски национални ознаки, управувано од 37-годишникот, и при преглед кај него била пронајдена и одземена марихуана.
Тој бил приведен во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.


