Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Притвор за скопјанец кој на преминот Блаце бил фатен со марихуана и „екстази“

Скопското Основно јавно обвинителство донесе наредба за спроведување истрага против 47-годишен скопјанец поради сомнение дека сторил кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги.

Осомничениот, на 11 април, при влез во државава на граничниот премин Блаце, во автомобилот „бмв“, со скопска регистрација, неовластено, заради продажба, држел марихуана спакувана во кеса со вкупна тежина од 38,82 грама, пет таблети психотропна супстанција – 3,4-метилен диоксиметамфетамин (МДМА) и пластичен шприц со волумен од 10 милилитри хашиш-масло.

При претрес во непријавеното престојувалиште на осомничениот полицијата пронашла уште 2,68 грама марихуана и дробилка со остатоци од наркотична дрога.

Бидејќи постојат околности што укажуваат дека осомничениот би можел да се даде во бегство или да го повтори кривичното дело, на осомничениот му е определен притвор во траење од 30 дена.​​

Можеби ќе ве интересира

Лажни дојави за бомби во училишта во Скопје и Тетово

C +

МНР со апел: македонските државјани кои се наоѓаат на територијата на Мексико да го напуштат во првата безбедна прилика

C +

Речиси 5.000 прекршоци регистрирани со „Безбеден град“ за една недела, најмногу за брзо возење

C +