25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Денеска се очекува пресуда за предметот „Трезор“

Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска треба да биде изречена пресудата за предметот „Трезор“, кој се однесува на злоупотреба на средства од Буџетот на државата за набавка на електронско-комуникациска опрема за потребите на Петтата управа при УБК и обука за нејзино користење од фирма од Велика Британија.

Во овој предмет првообвинет е поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, како и поранешниот шеф на неговиот кабинет Тони Јакимовски, поранешниот помошник-министер во МВР- Небојша Стајковиќ, и поранешениот началник на Петтата управа во МВР-Горан Грујевски.

Тројцата се товарат за злоупотреба на службената положба и овластувања, а Тони Јакимовски за помагање.

Според обвинението, во овој случај се злоупотребени над 860 илјади евра.

Случајот „Трезор“ го води судијката Џенета Бегтовиќ, а застапник на обвинението е ОЈО за организиран криминал, кое го презема предметот од поранешното СЈО.