Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Владата ја објави листата на хонорарци, негира дека биле платени да споделуваат постови на „Фејсбук“

Владата на својата интернет-страница објави листа со детали за сите лица кои се хонорарно ангажирани, заедно со образложение кои се причините за ваквите ангажмани.

„Ја објавуваме листата на лица кои се тековно ангажирани преку авторски договори за специфични задачи кои не може да се обезбедат од редот на вработените, откако претходно беа извршени консултации со Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер, за модалитетот за заштита на личните податоци на соработниците опфатени со овие ангажмани“, се наведува во владиното соопштение.

Во него категорично се отфрлаат, како што се вели, сите дезинформации дека наводно исти лица кои иако регуларно вработени во Владата, во исто време добивале и хонорар.

„Тоа не е точно бидејќи е недозволиво вработени во Владата да бидат и хонорарно ангажирани од Владата. Внимателноста со која Владата постапи во овој случај, со вклучување на дополнителни консултации пред објавувањето на листата хонорарни соработници, беше мотивирана исклучително заради заштитата на интегритетот и приватноста на ангажираните лица“, се додава во соопштението со кое исто така се негира дека станува збор за луѓе кои биле платени да споделуваат постови на „Фејсбук“ или „Твитер“.

Од Владата исто така порачуваат дека институциите ќе ги искористат сите механизми кои се на располагање да ги заштитат професионално ангажираните лица од јавен линч, нарушување на приватноста, говор на омраза или повици за насилство.

Можеби ќе ве интересира

Кривични пријави за „измама“ и „давање лажен исказ“, изготвиле фактури иако знаеле дека договорите за превоз на ученици во Тетово биле истечени

ДЕСК

Европска недела на сообраќајни контроли: МВР со интензивни проверки низ државата

ДЕСК

Патниот правец Охрид – Ресен преку Галичица затворен за сообраќај, каква е состојбата на патиштата?

ДЕСК