25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

СДСМ: Мерките за помош на економијата даваат резултати

Официјалните статистички податоци потврдуваат дека мерките за надминување на последиците од коронакризата, креирани и реализирани до институциите предводени од СДСМ даваат резултати, соопшти СДСМ.

„ Со четирите пакети мерки 860 милиони евра завршија директно кај граѓаните и во стопанството.

Во јануари е регистрирано зголемување на просечната плата од 2,7 отсто, како и раст од 0.8 отсто на прометот во внатрешната трговија. Се забележува постепено намалување на стапката на невработеност, додека вработеноста е соодветно зголемена.

Во однос на преткризниот период, бележиме раст на буџетските приходи. Растот на вкупните приходи е 4,4 отсто, додека 5 отсто е растот на даноците и придонесите.

Во јануари, извозот има номинален раст од 15,4 отсто на годишна основа, увозот на стоки раст од 5,3 отсто со што трговскиот дефицит во јануари се намали за 29 проценти.

Согласно економските показатели и очекувањата, предвидено е оваа 2021 година македонската економија да се врати на стабилни стапки на раст, платите да продолжат да растат, а невработеноста да се намалува.

СДСМ продолжува со креирање и реализација на мерки и политики за поддршка и поттикнување на домашната економија“ се наведува во соопштението.