Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

217 сообраќајни прекршоци во Скопје

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на Град Скопје изречени се вкупно 217 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 16, 13 санкции за возење без возачка дозвола, четири за технички неисправни и нерегистрирани возила, три за недавање првенство на минување на пешаци.

Изречени се 20 санкции за користење мобилен телефон, 37 прекршоци што ги чинат пешаците, 16 за некористење сигурносен појас, четири за минување на затворен сигнал (црвено светло), две санкции за возачи на мотоцикли и 49 санкции за непрописно паркирани возила.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Мицкоски веќе се подготвува да ги внесе Бугарите во Уставот – комисијата работи цело време

C +

До недела променливо облачно и посвежо време со повремени локални врнежи од дожд

C +

СДСМ: Мицкоски ја урна последната линија на одбрана на демократските избори

C +