Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Возач со автомобил удрил во велосипедист и избегал

Триесет и шестгодишен велосипедист со тешки повреди бил пренесен во болница откако во него удрил автомобил, а возачот избегал.

Според информациите на МВР, вчера околу 16 часот било пријавено дека на крстосница од ул. Николај Островски и ул. Моцартова во Скопје автомобил удрил во велосипедист Р.З.(36) од Скопје, а потоа возачот избегал.

Велосипедистот бил пренесен во болница, каде што му биле констатирани тешки телесни повреди.

Увид на местото на незгодата извршила екипа од СВР Скопје и се работи на расчистување на случајот.

Можеби ќе ве интересира

УТРЕ ПЕТ ЧАСА БЕЗ СТРУЈА ВО ТЕТОВСКО – Објавени локациите и термините за планираните исклучувања

ДЕСК

НОЕМВРИ НОСИ ТЕМПЕРАТУРИ ДО 23 СТЕПЕНИ, НО И СИЛЕН ВЕТЕР НАД 60 КМ/Ч – УХМР најавува дождови, магла и ново затоплување во Македонија

ДЕСК

МАКЕДОНЕЦ ВЛЕЗЕ ВО ГИНИСОВАТА КНИГА НА РЕКОРДИ – Сашко Кедев највозрасен човек што ги освоил сите 14 осумилјадарки

ДЕСК