21.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

МЗ:Најдовме трајно решение за проблемот со матичен лекар во Шуто Оризари

Министерството за здравство ја информира јавноста дека најдовме трајно решение на проблемот со матичен лекар во општина Шуто Оризари.
После 6 неуспешни обиди за закуп на ординација за матичен лекар во Поликлиниката во Шуто Оризари денеска добивме апликација на седмиот оглас од приватна Поликлиника која аплицираше и планира закуп на ординацијата во рамките на своја Поликлиника.

Со ваквиот ситем на вршење здравствена дејност во рамките на Поликлиниката се гарантира трајноста на ова решение. Сакам да информирам дека заврши и набавката на опремата за гинеколошката ординација за оваа општина со што Министерството за здравство го реши и овој децениски проблем во општината.

Спонзорирано: