Centar.mk
БИЗНИС

Угостителските објекти да не прават залихи во следните два дена, порача Бектеши

Угостителските објекти да не прават дополнителни залихи денеска и во текот на утрешниот ден со цел да се избегнат поголеми загуби од воведените рестрикции за работа, напиша министерот за економија Бектеши на својот фејсбук-профил.

Тој образложи дека целосна забрана да примаат гости ќе имаат и хотелите, мотели, хостели, пансиони и други објекти за сместување или на бензински станици кои имаат делови за служење храна.

„Објектите кои вршат подготовка и продажба на храна може да продаваат преку онлајн или телефонска нарачка и да вршат достава на храна или самостојно подигнување на нарачката надвор од угостителскиот објект, преку пулт. Исклучок се рестораните во склоп на хотелите, мотелите, хостели и пансиони за оние лица кои се сместени како гости, како и угостителскиоте објекти на Меѓународниот аеродром Скопје и Аеродромот ‘Св. Апостол Павле’ во Охрид“, објави министерот и додаде дека Министерството за економија секогаш е за поддршка на секторот, но очекува разбирање и соработка со цел надминување на оваа ситуација“, порача Бектеши.

Со одлука на Владата, почнувајќи од 7 април 2021 (среда), сите угостителски објекти (кафеани, ресторани, барови, клубови) ќе имаат целосна забрана за гости/посетители. Оваа мерка, како што денеска одлучи Владата, по предлог на Комисијата за заразни болести ќе важи до 20 април 2021 година.

Можеби ќе ве интересира

Оваа недела ќе се одржи 56. сесија на Клубот на истражувачите на Народната банка

ДЕСК

Пивара Скопје и РФМ – 45 години заедно за македонскиот ракомет

ДЕСК

Како да заштедите во сезоната на големи трошоци? Искористете ги бонус поените на Халкбанк

ДЕСК