Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Се судрија камион и рено – повеќемина повредени кај Киселица

На 04.04.2021 во 15.45 часот во СВР Штип било пријавено дека на регионалниот пат на место викано Киселица, пробиштипско, се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно возило „мерцедес“, со винички регистарски ознаки, управувано од Г.М.(35) од Виница и патничко возило „рено“, со штипски регистарски ознаки, управувано од Р.Т.(41) од Штип.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле возачот Р.Т. и сопатниците од истото возило, И.Т. и С.С., а со телесни повреди се здобила сопатничката С.Х.Т., констатирани во Клиничката болница Штип. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од Полициската станица Пробиштип.

Можеби ќе ве интересира

Клековски во Стоматолошки клинички центар „Св. Пантелејмон“: Над 40 милиони денари вложени во модернизација на установата, вклучувајќи ординација со општа анестезија

ДЕСК

ВЕТЕР НАД 80 КМ/Ч, ПА НАГЛО ЗАЛАДУВАЊЕ – УХМР со нова прогноза

ДЕСК

ДИПЛОМА ИМААТ, РАБОТА НЕМААТ – Над 1.000 магистри и 39 доктори на науки се невработени

ДЕСК