Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТЕМА

Трагедија: Од коронавирус почина Трајче Димитриев, екс градоначалник на Демир Капија

Коронавирусот одзеде уште еден живот во Македонија. Од ковид 19 почина екс-градоначалникот на Демир Капија Трајче Димитриев.

Димитриев владееше два мандати во Демир Капија.

На 63 годишна возраст Димитриев почина од опасниот коронавирус кој се лекувал прво во кавадаречката болница, а потоа бил префрлен во Скопје, кога состојбата нагло му се влошила.

Зошто најдраг пријателе, зошто не напушти прерано, а се уште сонуваше да создаваш за Демир Капија? Твоите дела за твојата драга Демир Капија останаа за век и векови, ти замина во вечноста, а сепак ја остави вечноста меѓу сите нас. Ми беше чест што те имав за пријател и ти бев прв соработник. Почивај во мир, шефе, напиша Мојсов на својот фејсбук-профил.

Можеби ќе ве интересира

Каква храна јадеме? Ако и етикетата лаже, на што да веруваме: Нов аларм за храната што ја конзумираме

ДЕСК

ВЕТЕР ДО 60 КИЛОМЕТРИ НА ЧАС: Се очекуваат најсилни удари во западните делови – детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Пензионер нападнат во Аеродром

ДЕСК