12.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

(Видео) Костовски: Смилевски троши 1.6 милиони евра за привремени вработувања

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Дарко Костовски изјави дека општина Бутел за 2021 година ќе потроши 24.780.000 денари или над 400.000 евра само за партиски класични вработувања.

Според него, иако СДСМ има апсолутна власт на централно и локално ниво, со жалење може да се констатира како што вели дека општина Бутел е целосно заборавена општина.

„Општина Бутел е неприкосновен рекордер во државата, но за жал НЕ по бројот на реализирани проекти, туку по лажење и по бројот на привремени партиски вработувања од кои општинската администрација и граѓаните апсолутно немаат никаква реална потреба“, вели Костовски.

Додаде дека од ветените: нова поликлиника, нова полициска станица, нов противпожарен пункт, плоштад, градинки, училишта, гасификација, голем спортски комплекс, канализација во населените места Кучевачка бара и Бел Камен, водовод во Љуботен и Љубанци се само празно слово на хартија и за ниту еден од овие ветени проекти нема ниту почетна фаза на реализација додека истите како што потсети беа со рок до крајот на овој мандат.

„Велимир Смилевски или градоначалникот во заминување, во својот мандат покажа како НЕ треба да се води една општина, нереализирањето на ниту еден покрупен проект го позиционира како еден од најлошите градоначалници на ниво на држава“, истакна Костовски.

Според него општината заслужува многу повеќе, и мора да се ослободи од како што наведува, канџите на неколкумина недомаќински настроени луѓе на чело со Смилевски, кој според него секојдневно ја уништува општината.