Centar.mk
БИЗНИС

Грција им помага на угостителите, 330 милиони евра за повторно отворање на рестораните

Грчката влада ќе им обезбеди на угостителите дополнителни 330 милиони евра субвенции за да им го олесни отворањето на рестораните во следните недели.

Повеќе од 70.000 ресторани, барови и кафулиња се затворени од ноември кога беше воведена строга блокада за борба против вториот бран на пандемијата на коронавирусот. Здружението на угостителите проценува дека една петтина од угостителите можеби нема да може да почнат со работа пред новата туристичка сезона.

„Нашата цел е јасна. Ние сакаме да ви обезбедиме услови за отворање на рестораните“, рече премиерот Кирјакос Мицотакис на состанокот со министрите и претставниците на угостителите.

Секојa компанија ќе добие до 100.000 евра под одредени услови за да ги покријат трошоците за рестартирање на бизнисот, а вкупната вредност на пакетот ќе достигне 330 милиони евра, објави Министерството за финансии.

Владини претставници минатиот месец објавија дека рестораните може да се отворат во април пред планираното отворање на туристичкиот сектор од средината на мај. Угостителскиот сектор веќе доби една милијарда евра помош од државата во форма на поволни заеми и грантови.

Можеби ќе ве интересира

„Самсунг“ („Samsung“) го унапредува Galaxy AI и поврзаниот екосистем на Светскиот конгрес за Мобилни технологии 2026

ДЕСК

Пензионерите од следниот месец ќе се “офајдат” со нови илјада денари покачување – Дали е тоа доволно да се турне месецот?

ДЕСК

Минималната плата ќе скокне за 1667 денари, сега ќе биде 26.046

ДЕСК