Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Пензионираниот генерал Ристо Дамјановски почина од компликации на Ковид-19

Професор доктор Ристо Дамјановски, генерал-мајор во пензија, по кратко боледување, на 83-годишна возраст ја загуби битката со коронавирусот, информираат од Генералштабот на Армијата.

Во текот на неговата воена кариера до неговото пензионирање во 1994 година, генерал-мајор Дамјановски, кој ја имаше и титулата професор доктор на воено-историските науки, има извршувано повеќе највисоки воени, наставни, политичко -партиски и општествени функции.

Беше член на Извршниот совет и на Републичкиот секретаријат за општонародна одбрана и министер за одбрана во првата експертска влада во периодот 1991-1992 година.

Во текот на својата воена кариера како потврда за неговата професионалност во службата добивал повеќе признанија, пофалби и други стимулативни мерки.

Меѓу другото, добитник е на наградата „4 Ноември“, највисокото општествено признание за значајни остварувања во општествено-политичкиот живот и посебен придонес за развојот на општина Битола и државата, а одликуван е и со орден на Народната армија со златен венец, Орден на трудот со златен венец, орден за воени заслуги со златни мечеви и многу други.

Автор е на книгата „Востаната Македонија“ во 2001 година, а објавил и над 50 научно-стручни трудови во рамките на двата универзитета на кои бил професор, Друштвото за наука од Битола, Институтот за национална историја, МАНУ како и поголем број колумни со воено-политички, историски и други содржини, објавени во низа стручни списанија и во дневниот печат.

Во пензионерските години генералот Дамјановски остана активен придонесувач во полето на одбраната и беше член на здружението „Клуб на генералите“.

Можеби ќе ве интересира

ЦИКЛОН НОСИ ОБИЛНИ ВРНЕЖИ НА ДОЖД, ВО ДЕЛОВИ ОД МАКЕДОНИЈА ЌЕ ТРУПА СНЕГ: Синоптичарите објавија изненадувачка четириденевна прогноза

ДЕСК

Мицкоски: АД ЕСМ ги задоволува потребите на граѓаните и конзумот и продаваат струја навечер со што имаме дополнителни приходи од страна на потрошувачите

ДЕСК

Димитриеска-Кочоска: И покрај предизвиците и притисокот во Буџетот, Владата внимателно и навремено презема мерки и одлучува во интерес на граѓаните и бизнисот

ДЕСК