24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Маричиќ за Еурактив: Свесни сме за слободата на медиумите, но мораме да следиме со какви пари се финансираат

Во интервјуто за Еурактив, министерот за правда, Бојан Маричиќ беше запрашан и за односите со Унгарија, по азилот на Никола Груевски во Будимпешта.

„Тогаш, кога се случи ова, се согласивме дека и покрај силните разлики што ги имаме за овој конкретен случај, бегството на Груевски, тоа нема да им наштети на нашите општи релации и можам да ве уверам дека досега тие односи со Унгарија беа на високо ниво“- коментирал Маричиќ.

Еурактив потсетува дека унгарски бизнисмени поврзани со владата на Виктор Орбан инвестирале во пазарот на медиуми во Северна Македонија. Во 2019 година финансиската полиција спроведе истрага под сомнение дека некои реклами во некои медиуми претставуваат „перење“ на унгарските државни пари и сознанијата ги препратиле до Јавното обвинителство.

„Ние сме многу свесни за важноста на слободата на медиумите и учиме од времето кога Груевски беше на власт. Затоа сме многу внимателни во однос на тоа што можеме да сториме и како ја следиме ситуацијата со медиумите финансирани од унгарски компании. Сите тие медиуми се про-опозициски медиуми и ние силно веруваме дека постои конекција со Груевски и неговите врски. Се разбира, тоа не е незаконски “, додаде Маричиќ.

За него не е важно од која држава доаѓа инвестицијата, туку таа мора да биде во согласност со сите закони.