Centar.mk
БИЗНИС

Комисијата за хартии од вредност предупредува: Finance Group One нема дозвола да нуди услуги за инвестирање

Комисијата за хартии од вредност (КХВ) вршејќи ја својата надзорна функција утврдила дека одреден временски период на граѓаните и на правните лица им се нудат нелиценцирани финансиски услуги за тргување во странство од страна на посредници кои немаат добиено дозвола за вршење на такви услуги.

Како што посочуваат од Комисијата, правното лице Finance Group One (овој назив се користи за контакт при нудење на овие услуги во Македонија), нема дозвола од КХВ да нуди услуги за инвестирање во странство на македонски резиденти.

Во таа смисла, КХВ ја предупредува јавноста дека ваквите активности се забранети со член 96 од Законот за хартии од вредност, според кој услуги со хартии од вредност можат да вршат само правните лица кои добиле дозвола од Комисијата.

Дополнително, Комисијата има сознанија дека се нудат услуги за инвестирање надвор од државата преку бугарски правни субјекти:

· GRAND EASTERN MARKET (Гранд Истърн Маркет“ ЕООД, ЕИК 206099297);

· GRAND SPOT MARKET („Гранд Спот Маркет“ ЕООД ЕИК: 206103621);

· MARKET PROGRESS (Маркет Прогрес ЕООД ЕИК 206229125);

· ALTERNATIVA BG (Алтернатива БГ“ ЕООД (преименувано на „Булион Ваулт ЕЕ“), ЕИК 2053260185), GRAND RESEARCH (ГРАНД РИСЪРЧ“ ЕООД ЕИК 206027740 (преименувано на „Пост Гранд Рисърч ЕООД“));

· FIN ENGINEERING INCOME („ФИН ИНЖИНЕРИНГ ИНКЪМ“ ЕООД, ЕИК 206058610 (преименувана на „Пост Фин Инжинеринг Инкъм“ ЕООД).

„За горенаведените, бугарскиот надлежен орган исто така нема дадено дозвола за работа, односно на веб-страницата ги има претставено како субјекти кои нудат нелиценцирани услуги во Република Бугарија“, велат од Комисијата за хартии од вредност и ги повикуваат сегашните и потенцијалните инвеститори пред да носат одлуки за инвестирање детално да се информираат за ризиците и за легитимноста на правните и на физичките лица кои им нудат услуги.

КХВ напоменува дека инвестирањето преку нелиценцирани правни лица претставува забрането дејствие кое како противзаконита активност подразбира сериозна закана со исклучително висок ризик, инвестираните средства никогаш да не им бидат вратени на лицата, бидејќи меѓудругото нема и регулаторни механизми за заштита.

Можеби ќе ве интересира

Советот за праведна транзиција: јасна насока и координација за 2026

ДЕСК

Падна одлука во РКЕ – поскапува струјата

ДЕСК

МФ: Нови 14,2 милиони евра поддршка за домашните компании, трансферирани две транши од Буџетот кон Развојната банка

ДЕСК