Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Откажана е средбата на Груби со албанските опозициски партии за пописот

Еден час откако беше закажана, се откажа средбата на вицепремиерот Артан Груби, во својство на секретар на ДУИ, со секретарите на другите партии од албанскиот опозициски блок.

Средбата требаше да биде во врска со пописот на населението.

Причината за откажување на средбата, како што наведе ДУИ е тоа што опозициските политички партии не го потврдиле присуството.

Претходно денеска ДУИ извести оваа средбата ќе се одржи во 11 часот.

„Секретарите на ДУИ, БЕСА, ДПА, Алијанса за Албанците и Алтернатива ќе бидат присутни на оваа средба. Настанот ќе се одржи во Клубот на пратеници во Скопје“, соопшти ДУИ.

Опозициските Алтернатива и Алијанса за Албанците (каде што секретар е Арбен Таравари) дадоа поддршка за Законот за попис, според кој операцијата треба да се спроведе од 1 до 21 април годинава.

Можеби ќе ве интересира

ДОАЃА ЗНАЧИТЕЛНА ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО: Синоптичарите излегоа со четиридневна прогноза

ДЕСК

Трагедија во Скопје: Малолетно дете и жена паднаа од балкон од станбена зграда во Тафталиџе

ДЕСК

Над 19.000 сообраќајни прекршоци во февруари регистрирани преку „Безбеден град“

C +