12.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Партијата на пензионери повика на поддршка на пописот

Партијата на пензионери повикува на поддршка на пописот.

„Да го подржиме и масовно да учествуваме во пописот, за да помогнеме во остварување претпоставки за подобар и посигурен живот за нас и нашите потомци. Почитувани сопартијци од ПП, пензионери и сите останати граѓани, ние, пензионерите, како луѓе со богато животно искуство, загрижени, а мотивирани да обезбедиме подобра и предвидлива иднина за нашите најблиски и потомците, ги повикуваме сите граѓани, заедно со нас, активно, одговорно и масовно да учествуваат на претстојниот попис“, велат од ПП.

Од таму велат дека во моментов и покрај предизвиците пред кои сите нас нè исправа епидемијата со Ковид-19 е мошне значајно, почитувајќи ги пропишаните здравствени протоколи, да ги исполниме граѓанското право и обврска, така што секој поединечно и сите заедно на државата ќе ѝ обезбедиме веродостојни статистички податоци, врз база на кои сегашната но и идните власти, ќе ги креираат политиките кои се од егзистенцијално значење за развиток на општеството, здравството, образованието, економијата и безбедноста, со цел остварување подостоинствен и посигурен живот за идните генерации.

Од Партијата на пензионери ги осудиија иницијативите за бојкот на пописот и велат дека со бојкот и апстиненција само се уназадува општеството, се зголемува нетолеранцијата и се поттикнува омразата.