17.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Денеска нов протест за „Монструм“, затворени ќе бидат повеќе скопски улици

За денеска е закажан уште еден протест против пресудата за обвинетите во случајот „Монструм“, за петкратното убиство кај Смилковско езеро.

Според најавите, протестот ќе започне во 13.30 часот од паркот во Чаир.

Од МВР информираа дека од тогаш, па до завршувањето на протестот затворени за сообраќај ќе бидат улиците „Христијан Тодоровски Карпош”, „Џон Кенеди”, „Цветан Димов”, „Крсте Мисирков” и булеварот „Гоце Делчев”.

МВР исто така апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.

Последниот протест беше насилен и беа повредени седум полицајци.

Приведени беа осум лица, од кои тројца веќе ја признаа вината.