Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Митревски до колегите од опозицијата: Повикувам на разум, влезете во сала, да го завршиме ова во интерес на граѓаните

Координаторот на пратеничката група на СДСМ Јован Митревски им се обрати на колегите од опозицијата, со апел да не ја блокираат седницата на која треба да се донесе Петтиот пакет економски мерки наменет за граѓаните и за компаниите.

– Почитувани колеги од опозицијата, почитуван координатор бидејќи само вие останавте во сала. Уште еднаш повикувам на разум, повикување на седница за да им излеземе во пресрет на граѓаните, на фирмите, не е криминална седница и за тоа треба да им се извините на граѓаните. Повикување за седница за помош на граѓаните и фирмите да добијат пари во овие тешки економски времиња предизвикани од ковид кризата, не е закажување седница на насилнички начин. Три дена зборувате дека ќе присуствувате затоа што има двајца пратеници кои што се позитивни на ковид…Ве молам размислете, нека надвладее разумот, влезете во сала, дај да завршиме ова што треба да го завршиме во интерес на граѓаните. И еве уште еднаш повторувам за да не испадне дека се прекинуваат пратеничките или се скратува времето за пратенички, нека се продолжат дупло повеќе отколку што се скратени и пратениците од мнозинството ќе се откажат од поставувања на прашања, само еве и тоа ваше барање нека виде задоволено. Ама бидете разумни, влезете дајте еднаш заедно да направиме за граѓаните нешто што е добро, затоа што одговорноста е на сите пратеници, повикува Митровски.

Спонзорирано: