Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

СДСМ: Мицкоски тресе толку силно што на локалните избори на есен ќе тресне по седми пат

После најновиот потрес предизвикан од громогласниот фејсбук статус на Мицкоски, СДСМ е во длабока дилема дали е посилно тресењето на локалните избори во 2017 или на последните парламентарни избори кога тој остана во опозиција?, велат од СДСМ.

СДСМ длабоко анализира и дали Мицкоски посилно стресе кога загуби на изборите во Охрид и Ново Село или на последните избори во Штип од кои побегна?

Или можеби гората се стресе од Мицкоски на референдумот кога 660 илјади граѓани излегоа и го покажаа патот по кој денес одиме, додека тој “громогласно” молчеше без став по кој знае кој пат.

Или можеби најсилно тресна Мицкоски кога не успеа да го спречи Законот за Јавно обвинителство и да ги одбрани криминалците?

Полека Мицкоски ти следат уште порази, доаѓаат нови избори на нив ќе треснеш по седми пат, се вели во соопштението на СДСМ.

Можеби ќе ве интересира

ЦИКЛОН НОСИ ОБИЛНИ ВРНЕЖИ НА ДОЖД, ВО ДЕЛОВИ ОД МАКЕДОНИЈА ЌЕ ТРУПА СНЕГ: Синоптичарите објавија изненадувачка четириденевна прогноза

ДЕСК

Мицкоски: АД ЕСМ ги задоволува потребите на граѓаните и конзумот и продаваат струја навечер со што имаме дополнителни приходи од страна на потрошувачите

ДЕСК

Димитриеска-Кочоска: И покрај предизвиците и притисокот во Буџетот, Владата внимателно и навремено презема мерки и одлучува во интерес на граѓаните и бизнисот

ДЕСК