Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: Полициски час без јасна стратегија нема да даде никаков ефект

Полициски час без јасна стратегија, протоколи, вакцини и заштита на граѓаните нема да даде никаков ефект, смета ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата обвинија дека Македонија е во тотален хаос и дека нема ни стратегија, ни цел, ни протоколи, ни вакцини.

„Новиот бран од епидемијата од ковид 19 неконтролирано се шири, а неспособната власт на Заев нема ниту план да го спречи. Власта нема набавено вакцини и затоа сме 118 место по број на вакцинирани во светот според Блумберг. Истовремено сме на 7-мо место по смртност и во такви услови власта на заев организира попис кој уште повеќе ќе ја влоши епидемиолошката слика. Тоа само ја покажува целата неспособност и неодговорност на власта. Во отсуство на јасни протоколи и заштита на граѓаните, власта посега кон воведување на полициски час како единствена мерка. Тоа само дополнително ќе ги зголеми метежите во јавниот превоз, шалтерите и институциите, а ефектите ќе бидат безначајни“, велат од партијата.

Вака како што наумил Заев, а Филипче и Комисијата како што спроведуваат, велат од ВМРО-ДПМНЕ, само ќе се влошува состојбата.

„Економијата во државата, здравјето и животите на граѓаните и понатаму ќе останат жртвите на хаосот кој го создава власта на Заев со нивните стихијни и недоволно планирани мерки“, се наведува во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Ако регионот се обедини, може да понуди реализација на проекти во енергетиката во висина од четири илјади милијарди во следниве 10 години

ДЕСК

СИНОПТИЧАРИТЕ СО ВОНРЕДНО МЕТЕОПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Подгответе се за невреме проследено со дожд, снег и силен ветер

ДЕСК

Прегазено 11 годишно дете – итно пренесено во клиничка болница

ДЕСК