Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Откриена работилница за фалсификување пари во Тетовско

Полицијата откри работилница за фалсификување пари во тетовското село Долна Лешница.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Џ.Б.(44) од с.Долна Лешница, Тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело фалсификување пари.

На 12 март полициски службеници извршиле претрес во домот и помошните простории на пријавениот, при што пронашле две чанти и неколку коверти со поголема количина на разновидни банкноти – евра, швајцарски франци и кувајтски динари, како и повеќе заштитни маркици-холограми, односно фолитска лента со логото евро, хартија-хамер А4 формат на која се печатени дел од банкнотите и други предмети.

На осомничениот му е одреден притвор.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Ако регионот се обедини, може да понуди реализација на проекти во енергетиката во висина од четири илјади милијарди во следниве 10 години

ДЕСК

СИНОПТИЧАРИТЕ СО ВОНРЕДНО МЕТЕОПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Подгответе се за невреме проследено со дожд, снег и силен ветер

ДЕСК

Прегазено 11 годишно дете – итно пренесено во клиничка болница

ДЕСК