14. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЛОКАЛНО

Без струја делови од Скопје

Од „ЕВН Македонија“ инфмормираат дека делови од Скопје денеска ќе останат без струја

Според информациите од оваа институција, без електрична енергија ќе бидат:

– во периодот од 8.30 до 11 часот корисниците од селата: Љубин, Глумово, Шишево, Матка, Арнакија, Семениште и Буковиќ, како и стопанските објекти: „Бис оил“, „Адријус“, и „Тиамо“ (општина Сарај),

– во периодот од 9.30 до 13.30 часот корисниците од селата: Добри Дол, Ракотинци и дел од Маркова Сушица, како и сите стопански и нестопански објекти на потегот од село Добри Дол до село Маркова Сушица (општина Сопиште),

– во периодот од 9 до 14 часот корисниците на дел од село Маркова Сушица (општина Сопиште),

– во периодот од 9.30 до 13.30 часот краткотрајни прекини ќе имаат корисниците од селото Маркова Сушица (општина Сопиште),

– во периодот од 9 до 12 часот корисниците од населбата Козле (општина Карпош),

– во периодот од 8.30 до 11 часот корисниците од улицата Кичевска, од бр. 4 до бр. 28 (општина Ѓорче Петров).

Можеби ќе ве интересира

Герасимовски: Денеска поставуваме фотоволтаични панели во училиштето „Св. Кирил и Методиј“

C +

Герасимовски: Следната година буџетот за култура ќе изнесува 26 милиони денари, ги поддржуваме македонските изведувачи

C +

Герасимовски: Голем бесплатен концерт во сабота со Дарио и Миг-21, Елена Ристеска, Викторија Лоба, Кристина Арнаудова, Барбара Поповиќ и „2 Бона“

C +