Centar.mk
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Во Скопје санкционирани 183 возачи, 30 казни за пешаци

Министерството за внатрешни работи информира дека вчера на територијата на град Скопје биле изречени вкупно 183 казни.

Меѓу нив за непочитување на брзината на движење биле казнети 29 возачи, девет санкции биле изречени за возење без возачка дозвола, четири за технички неисправни и нерегистрирани возила.

„Изречени се 30 глоби што ги чинат пешаците, седум санкции за користење мобилен телефон, пет за некористење сигурносен појас, седум за минување на црвено светло и 50 казни за непрописно паркирани возила“, велат од МВР.

Потсетуваат дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Граѓаните сакаат подобар живот, плати и светла иднина, а не црни кампањи

C +

Филипче жестоко против црната кампања на власта: Јавен линч и лаги, сега ќе ги гонам!

C +

Предлог-законот за пушењето не е удар по угостителството, туку заштита на здравото работно место, велат од Министерството за здравство

C +