Centar.mk
БИЗНИС

Годишната инфлација во еврозоната во февруари стабилна

Годишната инфлација во еврозоната остана на 0,9 проценти во февруари, бидејќи порастот на цените на свежата храна, услугите и индустриските добра го надминаа падот на цените на енергијата, покажаа проценките на Европскиот завод за статистика.

На месечна основа, според проценките на Евростат потрошувачките цени се зголемиле за 0,2 проценти.

Цените на свежата храна по овие анализи пораснале најмногу на годишно ниво, за 1,4 проценти.

Следни се услугите, со пораст на цените за 1,2 проценти.

Тежината на инфлацијата и натаму се енергенсите, со пад на цените од 1,7 проценти во споредба со истиот месец лани.

Меѓу членките на еврозоната со најголема годишна инфлација е Холандија, со 1,9 проценти. Следува Германија со 1,6 проценти повисоки цени во споредба со февруари минатата година.

Пад на цените на потрошувачка се забележани во седум земји членки на Унијата.

Предводи Грција со 1,9 проценти пониски цени од февруари минатата година. Следува Словенија, со 1,1 процент пониски цени.

Можеби ќе ве интересира

„Безбедни жици за загрозени птици“: ЕВН Македонија и Македонското еколошко друштво официјално го започна проектот за заштита на загрозени видови птици во земјава

ДЕСК

Втора година на врвот: Mozzart најпосакуван работодавач за 2025

ДЕСК

„Алкалоид“ АД Скопје четврта година по ред прогласен за победник во категоријата Најпосакуван работодавач

ДЕСК