Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

154 казни за возачи во Скопје, 28 за брзо возење

Вкупно 154 возачи на територијата на Скопје се казнети поради сообраќајни прекршоци, информираат од МВР.

Меѓу нив, за непочитување брзина на движење 28, девет санкции за возење без возачка дозвола, пет за технички неисправни и нерегистрирани возила.

Од Министерството додаваат дека 17 казни биле изречени за користење мобилен телефон, шест за возење под дејство на алкохол, четири за минување на црвено светло, шест за некористење сигурносен појас и 51 мерка за непрописно паркирани возила.

Информираат дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.

Можеби ќе ве интересира

(ФОТО) Со полициски пресретнувач санкциониран возач кој управувал возило со брзина од 178 км на час надвор од населено место каде дозволената брзина е 80 км на час, возилото е одземено

ДЕСК

Пратеникот Талевски на Пролетниот состанок на Меѓународниот секретаријат на ИПС на православието во Тбилиси

ДЕСК

СДСМ: Граѓаните скапо ги плаќаат бајките на Мицкоски за 3 та економија во Европа

ДЕСК