Вчера на собраниската седница за пратенички прашања уште еднаш се обзнани дека човекот којшто требаше да се бори против корупција е човекот што ја создава корупцијата, рече Игор Јанушев, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.
„Значи прашањето господине вицепремиер за корупција ми е дали имате информација дека фирмата на Вашиот брат овозможува спротивно на Законот за готовински плаќања промет на услуги врши промет на услуги со плаќање на начин без да се издава фискална сметка“, запраша вчера Игор Јанушев, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата За обнова на Македонија на вчерашната седница за пратенички прашања.
Јанушев го праша Љупчо Николовски дали е свесен за криминалот што го врши неговиот брат. Дали како вицепремиер за корупција ќе поведе или има поведено некоја сметка или тоа го прави во договор заедно со неговиот брат во нивната семејна фирма?
„Фирмата се вика ‘Лариком импекс’ и не станува збор за 9.000 денари, почитуван Николовски, туку од 4 милиони вкупни приходи во 2018 година фирмата рипнала на речиси 15 милиони приходи во 2019. Нето-добивката од пола милион денари е зголемена на над 6 милиони денари или зголемување на повеќе од 1200%“, нагласи Јанушев.
Јанушев дури вчера посочи дека за овој криминал ќе одговара Љупчо Николовски, но и неговиот брат.