Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Притвор за лице кај кое се пронајдени пиштол и муниција

Поднесено обвинение против едно лице кај кое по спроведена истрага се пронајдени пиштол и муниција, информираат од скопското јавно обвинителство.

Обвинетиот, на 1 февруари во селото Горно Количани, во автомобилот неовластено држел пиштол марка „црвена застава М 70А“ со калибар 9 мм Para, со две рамки и 15 куршуми за тој пиштол. Оружјето и муницијата биле пронајдени под возачкото седиште во автомобилот.

„Лицето е приведено а јавниот обвинител до Основниот кривичен суд во Скопје достави предлог за продолжување на претходно определената мерка куќен притвор за обвинетиот 27-годишник, за кого се оценува дека сè уште би можел да се даде во бегство или да го повтори делото“, додаваат надлежните.

Можеби ќе ве интересира

Ѝ СЕ ЗАКАНУВАЛ СО ОГНЕНО ОРУЖЈЕ НА СОПРУГАТА – Полицијата одзела пушка, пиштол и куршуми во Тетово

ДЕСК

СИН ОСОМНИЧЕН ДЕКА ФИЗИЧКИ ГО НАПАДНАЛ ТАТКО МУ – Кривична пријава во тетовско

ДЕСК

ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА НА ПОВЕЌЕ ЛОКАЦИИ – Петмина скопјани и жител на Неготино приведени

ДЕСК