17.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМОЗАИК

ФОТО: Голема среќа во домот на Зеќири – гордиот татко се пофали на Фејсбук

Деновиве имаше голема причина за славење во домот на потпретседателот и пратеникот на СДСМ Мухамед Зеќири.

Како што самиот соопшти, неговата најмала ќерка Далиа Нани наполни една година.

Гордиот татко објави нејзина фотографија и во опис напиша емотивна порака:

„Пред една година, на овој ден. Господ ни го даде најдобриот подарок, а тоа си ти, мое девојче Далиа Нани. Среќен 1. роденден. Биди благословена и секогаш среќна“, напиша Зеќири.

Зеќири и Бисера се венчаа пред две години, а кумови на свадбата им беа премиерот Зоран Заев и неговата сопруга Зорица.

Инаку, тие беа во врска неколку години. Ова е втор брак за двајцата, тој од претходниот брак има две ќерки, а Бисера има син.