23.8 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

“Бизнисмен” собрал 9.000 евра за два ипол месеци, откако неговите приказни станале сомнителни полицијата го фати

Тетовската полиција до ЈО поднело кривична пријава против 44-годишниот тетовец со иницијали Р.М.(44) од Тетово.

Според МВР, тетовецот се сомничи дека сторил кривично дело „измама“, предвидено и казниво по член 247 од Кривичниот законик и против С.Ш.(45) од скопското село Копаница, поради основи на сомнение дека сторил кривично дело „помагање“ предвидено и казниво по член 24 во врска со член 247 и во врска со член 45 од Кривичниот законик.

Притоа полицијата расчисти 24 измами поврзани со овие лица.

Според МВР, првопријавениот Р.М., во периодот од ноември минатата година до втората половина на јануари годинава, претставувајќи се како бизнисмен од Турција, со приказни за наводно случени сообраќајни несреќи, телефонски измамил повеќе лица вработени во фирми од Бугарија, Србија, Албанија и Косово, на други луѓе им пласирал лажни информации и приказни дека нивни вработени, најчесто возачи, загинале или се тешко повредени во сообраќајни несреќи и дека се потребни пари за погреб или лекување.

“Бизнисменот” успеал да се стекне со противправна парична корист од околу 9000 евра. Парите преку филијали на извесна фирма ги подигнувал С.Ш. и потоа му ги давал на Р.М., а тој, пак, за услугата му плаќал од 50 до 100 евра, велат од МВР.

Спонзорирано: