Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Средба на претседателот Пендаровски со стопанските комори

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими претседателите на четирите стопански комори коишто се дел од Платформата за јавно-приватен дијалог.

Претседателите на коморите на претседателот Пендаровски му ги презентираа прогнозите и предизвиците со кои би се соочиле во 2021, со осврт на минатата исклучително тешка година, како на здравствена, така и на економска основа.

Претседателите на коморите информираа за своите анализи и очекувањата на бизнис-секторот, за динамиката по која ќе се одвива увозот и извозот на стоки и услуги.

На средбата се разговараше и за владините интервенции во вид на пакети за помош на бизнис-секторите погодени од Ковид-19.

Истовремено, коморите од Платформата за јавно-приватен дијалог посочија дека треба да се намали бројот на закони кои се носат по брза постапка, а коишто се однесуваат на стопанството. Во оваа насока, претседателот Пендаровски изрази подготвеност за консултација со која било од коморите при потпишување на указите на законите кои регулираат поединости во бизнис-секторот.

На средбата присуствуваа Бранко Азески, претседател на Стопанска комора на Македонија, Неби Хоџа од Стопанската комора на северозападна Македонија, Данела Арсовска, претседателка на Сојузот на стопански комори и Анета Антова-Пешева, претседателка на управниот одбор на МАСИТ.

Можеби ќе ве интересира

НОВИ ПРАВИЛА ЗА БОЛЕДУВАЊЕ ОД 1 ДЕКЕМВРИ – За отсуство подолго од пет дена ќе биде потребен специјалистички извештај

ДЕСК

ЗИМАТА СЕ СПУШТА ОД ПЛАНИНИТЕ – Дожд, снег и нова снежна покривка во Македонија

ДЕСК

ХОРОР ВО ГОСТИВАРСКО – Маж осомничен дека се обидел да ја убие сопругата, полицијата ја пронашла без свест

ДЕСК