Поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков цело време бил во Скопје и бил сместен во стан каде најверојатно го однел член на неговото обезбедување со возило кое вчера беше донесено во полициска станица и врз кое се вршеа проверки, пишува „Фокус“.
Порталот, повикувајќи се на неофицијални информации Мијалков добил дојава оти членови на неговото семејство и на неговото обезбедување ќе се соочат со одговорност за помагање во неговото бегство, еден час пред да одлучи да се предаде.
-Покрај тоа, добро упатени извори велат дека Мијалков дознал оти сметките на членови на неговото семејство и нивни компании ќе бидат блокирани, движниот имот ќе биде запечатен, а недвижниот имот пломбиран, што го натерало да се појави во обвинителството и да го подигне решението со кое му се определува куќен притвор, пишува „Фокус“.
Мијалков во изјава за ТВ 24 негира дека бегал, туку бил болен со симптоми на вирусот Ковид-19, па поради тоа се изолирал.
Сепак, треба да се напомене дека тој во ноември минатата година беше заразен со коронавирусот.