Centar.mk
БИЗНИС

Деспотовски: Нова американска инвестиција вредна 15 милиони евра доаѓа во ТИРЗ

Директорот на ТИРЗ, Јован Деспотовски во денешното гостување на ТВ „24“ најави нова американска инвестиција кон средината на следниот месец.

„Во првата половина од март носиме голем проект, американска инвестиција од Питсбург која вреди 15 милиони долари. Очекуваме да донесе зголемување на извозот од 100 милиони евра и тоа на годишно ниво“, посочи Деспотовски.

Тој потенцираше дека за 45 дена веќе има склучено два нови договори со странските инвеститори, германски Ипротекс и турската компанија Пурпласт. Овие договори се со вредност помеѓу 15 и 16 милиони евра, а дополнително вработуваат десетици наши сограѓани.

Според статистичките податоци и анализи на ТИРЗ, зоните бележат стабилен раст на бројот на вработени, а во моментов тој број изнесува повеќе од 14.000 луѓе.

Можеби ќе ве интересира

СРЕЌНА ВЕСТ ЗА ПЕНЗИОНЕРИТЕ: Оваа наша банка предвреме ги исплати пензиите – овој пат тие се покачени за 1.000 денари согласно владината одлука

ДЕСК

ПАДНА ОДЛУКА ВО РКЕ: Утврдени нови цени на горивата

ДЕСК

Над 115 долари за барел: војната ги турка пазарите кон неизвесност

C +