Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Филипче кои не набавија ни една вакцина, сега се плашат дека ќе имало премногу

Премиерот Зоран Заев не е загрижен што нема вакцини, туку е загрижен на крајот да не сме се доведеле во состојба да има три милиони вакцини за еден милион граѓани, велат во соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

Од таму нагласуваат дека Заев и Филипче кои, како што велат, не успеале да обезбедат ниту една вакцина, сега се секираат да не набавеле премногу.

„Наместо проценка и старт на преговори за вакцини од пред половина година кога сите тоа го правеа, тие питачат и сметаат само како да ги поделат процентите од набавката на вакцини. И математиките не излегуваат и нема ни вакцини“, стои во партиското соопштение.

Во него се додава и дека поради недостатокот од вакцини, со многу бавно темпо се одвива процесот на вакцинација.

„Се вакцинира дел од медицинскиот кадар, а треба сиот. Треба да се вакцинираат и оние од 65 па нагоре, а ги земаат во предвид за некоја наредна која кој знае кога ќе дојде само оние над 70. Што е со оние со низа на хронични болести. Што е со онаа работоспособна популација која секојдневно има многу контакти“, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Можеби ќе ве интересира

Променливо облачно време со температура од 11 до 18 степени

C +

СДСМ: Владата избра луксуз за себе наместо покачување на платите на работниците

C +

Снег на Попова Шапка, магла на одредени патни правци, сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови

C +