Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Потребна е измена на член 102 за реализирање кампањи од исклучителен јавен интерес, смета Владата

Владиното себе рекламирање и натаму треба да остане забрането, но во исто време неопходно е да се дефинираат механизми за реализирање кампањи од исклучителен јавен интерес, а тоа значи и соодветна измена на член 102, сметаат од Владата.

– Измената на член 102 е со цел да се овозможи институциите да можат да реализираат јавни комуникации (кампањи) од исклучителен јавен интерес и преку радиодифузерите, на теми кои се од витално значење за граѓаните и државата, како што е на пример вакцинацијата, антикорупцијата, справувањето со дезинформациите и слично, посочуваат од Владата.

Членот 102 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги гласи „Државните органи, органите на државната управа, јавните претпријатија, единиците на локалната самоуправа, јавните установи и институции како и правните лица со јавни овластувања и трговските друштва во целосна државна сопственост не смеат да предвидуваат средства за информирање и запознавање на јавноста со свои услуги или активности преку приватни радиодифузери.” аа/сп/

Можеби ќе ве интересира

Променливо облачно време со температура од 11 до 18 степени

C +

СДСМ: Владата избра луксуз за себе наместо покачување на платите на работниците

C +

Снег на Попова Шапка, магла на одредени патни правци, сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови

C +