Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Заев: Не ја игнорираме руската вакцина, мора да бидеме сериозни со народните пари

Премиерот Зоран Заев, одговарајќи на новинарско прашање зошто нашата држава досeга ја игнорира руската вакцина, истакна дека не се работи за никакво игнорирање, туку станува збор за сериозност кон претходно потпишаниот договор со „Ковакс“.

„Ако имате предвид дека сте ставиле потпис на Ковакс-системот, па дури сте авансирале 20 проценти и сте платиле од парите за вакцината, сте потпишале директно договор со ‘Фајзер’, тогаш мора да ги имате предвид и да ги калкулирате овие количини“, објасни премиерот Заев.

„Конкретно, одговорност e кога влегувате во прифаќање понуда, ставате потпис, дури и парите или авансите да не се исплатени, ако сте ставиле потпис, морате да ги калкулирате сите количини. Не смееме да дозволиме, се работи за скапа, многу важна работа. Се работи за огромни народни пари и не смееме да си дозволиме ништо друго, освен сериозност во постапките за набавка на вакцини“, потенцира тој.

Појасни дека ние сме најнова членка на НАТО, но, според него, ниту НАТО, ниту Вашингтон ниту ЕУ има предрасуди во делот на изборот на вакцините.

Можеби ќе ве интересира

Предавничката Резолуција е спротивна на Уставот, ќе ја одбраниме демократијата! – порачаа од СДСМ

ДЕСК

Визија на националната стратегија за образование – обезбедување квалитетно и инклузивно образование, достапно за сите

ДЕСК

Украден автомобил среде Битола

ДЕСК