24.8 C
Скопје
3. јуни 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Во Австрија 30.000 фирми на раб на егзистенција

Најстрогата мерка за заклучување во Австрија донесе речиси 30.000 компании на работ на егзистенцијата, само трговијата ја чинеше десет милијарди евра од прометот, а во гастрономијата и туризмот постои закана за банкрот. Продавниците во Австрија минатата и оваа година беа затворени повеќе од 100 дена.

Според анализата на Универзитетот во Линц, тоа чинело речиси десет милијарди евра нереализиран промет. Најтешко е за продавниците за облека и обувки, кои не може да ги надоместат загубите. Три синџири на „Пимки“, „Дресмен“ и „Адлер“ веќе ги затворија своите филијали.

Продавниците за спортска опрема, од кои речиси 750 специјално се однесуваат на туристичкиот бизнис, од ноември досега имаат недостиг на приход од 90 до 95 проценти. Поради епидемиолошки мерки, хотелската индустрија во Австрија губи 255 милиони евра неделно поради епидемиолошки мерки, па сега на хотелите што добро работеле им е потребна и државна помош.

Фитнес-центрите, кои остануваат затворени, досега загубија најмалку 30 проценти од своите редовни клиенти. Здружението за заштита на доверителите проценува дека само благодарение на државната помош не дошло до банкрот во многу дејности. Сепак, експертите сметаат дека ќе следува пораст на стечајот за 20 до 25 проценти во споредба со 2019 година. Националната банка на Австрија претпоставува дека покрај државната помош, приближно 30.000 компании ќе отидат во стечај до крајот на следната година.