Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Во ковид-центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 18 пациенти

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 18 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 230 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

Во последното деноноќие, на интерните клиники имало 4 приеми.

Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 7 нови приеми на пациенти и 7 на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 20 оздравени пациенти.

Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 23 пациенти, на Клиниката за неврологија 30 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 9 пациенти со симтоми на корона вирусот.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 73 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 77 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 16 пациенти. На ГАК се хоспитализирани две пациентки.

Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.

Бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и утрово до 8 часот имало 100 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.

Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна поддршка.

Можеби ќе ве интересира

ЦИКЛОН НОСИ ОБИЛНИ ВРНЕЖИ НА ДОЖД, ВО ДЕЛОВИ ОД МАКЕДОНИЈА ЌЕ ТРУПА СНЕГ: Синоптичарите објавија изненадувачка четириденевна прогноза

ДЕСК

Мицкоски: АД ЕСМ ги задоволува потребите на граѓаните и конзумот и продаваат струја навечер со што имаме дополнителни приходи од страна на потрошувачите

ДЕСК

Димитриеска-Кочоска: И покрај предизвиците и притисокот во Буџетот, Владата внимателно и навремено презема мерки и одлучува во интерес на граѓаните и бизнисот

ДЕСК