Centar.mk
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Фекалии од колекторскиот систем се излевале во Охридското Езеро, утврдија инспекторите

Државниот инспекторат за животна средина утврди излевање на отпадни води во Охридското Езеро.

По претставка на политичката партија Левица, инспекторите извршија надзор врз функционалноста на колекторот што ги одведува отпадните води од населбите долж Охридското Езеро до станицата за пречистување во Враништа.

Од Државниот инспекторат за животна средина, соопштија дека четирите препумпни станици се функционални, но поради дождовите, како и собирањето, односно одведувањето на фекалните и атмосферските отпадни води во заедничка, наместо одделна мрежа, кај инспектираните станици утврдено е прелевањето на отпадните води во езерото.

Инспекторатот ќе достави известување до надлежен овластен инспектор за животна средина и до општините Охрид и Струга да преземат мерки за санација на секундарната канализација и издвојување на атмосферските и фекалните отпадни води.

„Заштитата на Охридското Езеро е со највисок приоритет и затоа општините и Јавното претпријатие ‘Колекторски систем’ мора да добијат финансиски средства за целосна реконструкција и санација на канализацијата, колекторот и пречистителната станица“, велат од инспекторатот.

Во меѓувреме овие надлежни институции ќе бидат задолжени од Инспекторатот да реализираат итни мерки што ќе придонесат да се намали излевањето на отпадните води во врнежливи периоди.

Претдхоно, неделава, по реакција на поголема група граѓани за уништување на животната средина преку испуштање фекалии од колекторскиот систем, политичката партија Левица поднесе иницијатива за вршење на вонреден инспекциски надзор до државниот инспекторат за животна средина.

Можеби ќе ве интересира

Лишен од слобода поранешниот претседател на ФФМ, поднесена кривична пријава за проневера

ДЕСК

Мицкоски: СДСМ направи историска капитулација со Бугарија, само мекотели политичари кои клечат на колена како Филипче изјавуваат дека ние сме ја провоцирале Бугарија

ДЕСК

Мицкоски: На следните избори останува техничката влада, предложеното законско решение е за техничката влада за изборите потоа, стравот на Филипче е дека и тие избори ќе ги изгубат

ДЕСК